Во градот Мајтинген во германската покраина Баварска четворица тинејџери, на возраст од 16 до 18 години, сред улица направија два снешковци, но набрзо се приведени во полиција затоа што така предизвикале несреќа.
Двајца возачи не ги забележале снешковците и настојувајќи да ги избегнат, се судриле, но освен снешкото никој не е повреден.
Се наведува дека момчињата направиле два снешковци, но бидејќи ја виделе несреќата, го растуриле другиот, но отисоците од чизмите ги издале.
Полицијата ги привела и размислува да ги обвини за тешко кршење на безбедноста во сообраќајот.