понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус почина мајката на милијардерот Ричард Бренсон

Од коронавирус почина мајката на милијардерот Ричард Бренсон

Ева Бренсон, мајката на британскиот милијардер и основач на Вирџин Груп, Ричард Бренсон, почина од ефектите на ковид-19. Веста за смртта ја објави Ричард Бренсон на својот блог.

Во објава на блогот, Бренсон објави дека неговата мајка „ја освои последната победа и се избори со вирусот, но ја потроши целата своја енергија во тој процес“. Ева Брансон имала 96 години, пишува Си-Ен-Ен.

Бренсон напиша дека една од неговите сестри и внуки биле со Ева „до самиот крај“, исто како и „прекрасните медицински сестри што ги забавуваше со приказни од нејзиниот живот“.

Пишувајќи за животот на неговата мајка, Бренсон напиша дека ги научила своите деца „за важноста на напорната работа, однесување кон луѓето како што сакате да се третираат, претприемништвото, но и дека не смееме да се сфаќаме себеси премногу сериозно“.

„Таа беше инвентивна, бестрашна и неуморна – претприемач пред светот да го знае зборот“, напиша Бренсон.

Милијардерот напиша како ја основал Вирџин кога неговата мајка му ги дала 100-те фунти што ги заработила со продажба на ѓердан. Таткото на Бренсон почина во 2011 година. Покрај Ричард Бренсон, тие имале уште две деца, ќерките Линда и Ванеса.