сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Олујата Елеанор ја покосила Западна Европа, три лица загинале

Олујата Елеанор ја покосила Западна Европа, три лица загинале

Олујхата Елеанор, четврта во сезоната која ја зафатила Западна Европа, со ветер со јачина до 160 километри на час, предизвикала смрт на едно лице во Франција и еден пар во Шпанија.

Силен ветер и налети на дожд ги покосиле Англија, Ирска, Швајцарија, Германија, Белгија, Холандија, Франција и Шпанија.

Пар Шпанци загинале во средата кога ги однел голем бран додека стоеле на пристаништето во крајбрежно село во Баскија. На француските Алпи, 21-годишен скијач загинал при пад на стебло во ски центарот Морилон.

Десетици повредени во Франција и Швајцарија

Во олујата биле повредени 26 лица, меѓу кои четири тешко во Франција, каде аеродромите се парализирани, а возовите сопрени. Во средата навечер околу 35.000 домови уште биле без струја.

Во централниот дел на Швајцарија, осум лица биле повредени откако поради силниот ветер се превртел еден вагон во Ла Ленк.

Во швајцарскиот кантон Фрибург, на западот на земјата, неколку кровови на приватни и јавни згради се урнале при што, за среќа, немало повредени.

Во неколку земји блокиран е воздушниот сообраќај.

Во Холандија, за прв пат сите пет брани кои ја штитат земјата од водата од Северното море, привремено биле затворени во средата за да се избегнат поплави.

Поради посебно интензивните налети на ветер воздушниот сообраќај е блокиран во неколку држави.

На парискиот аеродром Шарл Де Гол, 60 проценти од летовите доцнеле со полетувањето до 9 часот, а третина доцнеле со слетување.