Стотици германски полицајци почнаа претреси во Берлин и Хамбург во врска со организиран криминал, соопштија властите.
„Повеќе од 500 полицајци во моментов извршуваат 27 налози за претрес и три налози за апсење во Берлин и Хамбург“, соопшти берлинското обвинителство на Твитер, прецизирајќи дека операцијата е насочена кон организиран криминал, без да се наведат повеќе детали.
Билд пишува дека истрагата е поврзана со „трансакции со недвижнини“ спроведени од мафијашки криминални организации, додавајќи дека операциите се спроведуваат во берлинските области Мите, Шарлотенбург и Шпандау.
Министерството за транспорт на државата Берлин објави дека поради тие операции сообраќајот низ градот утрово е ограничен.
Според германските медиуми, во истрагата биле опфатени особено два клана, еден арапски и еден курдски. Мафијашки кланови, исклучително присутни во германската престолнина, неодамна се појавија на насловните страници поради нивната наводна вмешаност во спектакуларната кражба на дијаманти од музејот во Дрезден.