вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отказ за уредничка на германско списание поради лажно интервју со Шумахер

Отказ за уредничка на германско списание поради лажно интервју со Шумахер

Главната уредничка на германското списание Актуел (Die Aktuelle), кое по пат на вештачка интелигенција објави лажно интервју со поранешниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер, е отпуштена од работа, соопшти медиумската групација Функе.

„Таа невкусна и измамничка статија никогаш не требаше да се појави. Таа на ниту еден начин несоодветствува на стадардите на новинарство кое ние и нашите читатели го очекуваме од групација каква што е Функе“, изјави директорската на одделот за списанија на групацијата Функе, Бјанка Полман.

Таа рече дека главната уредничка на Актуел, Ан Хофман, која од 2009 година беше на чело на списанието специјализирано за вести поврзани со славни личности, добила отказ.

Списанието минатата недела се пофали дека добило интервју со Шумахер, прво од неговата несреќа што се случи при скијање на француските Алпи и тешката повреда на главата кон крајот на 2013 година.

Интервјуто, направено со помош на вештачка интелигенција, вклучуваше цитати кои му се припишуваат на Шумахер и кои се однесуваат на неговиот семеен живот по несреќата, како и за неговата здравствена состојба.