сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Почина Неџмије Хоџа,сопруга на Енвер Хоџа

Почина Неџмије Хоџа,сопруга на Енвер Хоџа

На 99-годишна возраст денeска попладне во својот дом во населбата „Лапрак“ во Тирана почина Неџмије Хоџа, сопруга на диктаторот Енвер Хоџа,јави Топ чанел.

Информацијата ја потврдил нејзиниот син Илир Хоџа,кој додава дека погребот ќе биде утре во Тирана.

Родена е на 8 февуари 1921 година во Битола, но родителите и се од Дебар, Северна Република Македонија. Во 1928 година, нејзиното семејство се преселило во Тирана. Средно училиште завршила во Женскиот педагошки институт во Тирана.По Втората светска војна дипломирала на Факултетот за историја и филологија,отсек албански јазик и литература.

Учествувала на основачката седница на Комунистичката младина на Албанија во ноември 1941 година, а во текот на војната, како делегат учествувала на сите национални конференци,како во Пеза, Лабинот и Пермет.По војната била на многу високи партски општествени функции.Има објавено повеќе книги. Пензонирана е на функцијата директорка на Инститот за максистичко- ленинстички студии при Центалниот комитет на Партијата на трудот на Албанија.

Одликувана е со 13 ордени. Во 1992 годна беше уапсена под обвинение злоупотреба на фондови и осудена на девет години затвор, а по поднесената жалба казната и беше зголемена на 11 години.

Во брак со Енвер Хоџа стапила на први јануари 1945 година, со кого имаат три деца, два сина и една ќерка. (МИА)