четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот портпарол на Путин именуван за генерален директор на ТАСС

Поранешниот портпарол на Путин именуван за генерален директор на ТАСС
тасс

Поранешниот портпарол на Владимир Путин во предизборната кампања е именуван за генерален директор на руската државна новинска агенција ТАСС.

Во соопштението се наведува дека Кремљ го назначил Андреј Кондрашов за генерален директор на ТАСС. Претходниот генерален директор Сергеј Михаилов денеска ја напушти функцијата. Според едни информации Михаилов добил отказ, додека според други дека доброволно дал оставка. Михајлов беше директор на ТАСС од 2012 година.

Кремљ ја зајакна контролата врз медиумите од почетокот на војната во Украина, а голем број независни весници мораа да бидат затворени, а нивните новинари да бидат етикетирани како „странски агенти“.