петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професорка имала секс со тројца ученици: Се состанувале после наставата, а сега заврши во затвор- тоа не е се (ФОТО)

Професорка имала секс со тројца ученици: Се состанувале после наставата, а сега заврши во затвор- тоа не е се (ФОТО)

Поранешна професорка во физичко воспитување од Охајо заврши 30 дена во затвор, затоа што имала секс со тројца свои ученици.

36  годишната Тифани Еихлер после овој случај им се извини на ученици и нивните семејства. Таа минатиот вторник беше сослушана.

Професорката минатиот месец имала секс со тројца ученици, двајца од нив имале по 18 години, а еден имал 17. Една од сексуалните односи се случил во самата училница после наставата.

Нејзиниот адвокат барал да и се намали казната, истакнувајќи дека на Тифани и е уништена кариерата и дека после ова се е посрамотена.

Таа после овој скандал морала да даде отказ, а ќе биде и запишана во регистарот на сексуални престапници.

Освен што зад решетки ќе помине 30 дена, Тифани добила и условна казна од три години.

Мора да оди на задолжителни консултации, да одработи 300 часа општо корисна работа, ќе плати и парична казна од 1.000 долари.

Ќе мора да ги плаќа и трошоците за лекување и советување на момчињата со кои имала секс.