понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пучдемон се откажа од местото претседател на Каталонија

Пучдемон се откажа од местото претседател на Каталонија

Пребеганиот каталонски лидер Карлес Пучдемон, кандидат за претседател на Каталонија, се откажа од кандидатурата во корист на поранешниот претседател на парламентот на таа шпанска покраина Џорди Санчез кој е во затвор поради организирање на каталонскиот референдум во октомври лани.

Пучдемон се наоѓа во доброволен егзил во Белгија по референдумот кој шпанската влада го прогласи за нелегален.

По изборите во Каталонија во минатиот декември на кои заговорниците за независност освоија тенко мнозинство, Пучдемон беше предложен за претседател на Каталонија.