Кај најмалку четворица дезертери од Северна Кореја откриени се знаци на изложеност на радијација, соопшти денеска јужнокорејската Влада.
Но, експертите не можат да потврдат дека тоа е поврзано со програмата за развој на нуклеарно оружје.
Четворицата дезертери потекнуваат од округот Килџу, каде има полигон за тестиурање на нуклеарното оружје.
Тие биоле изложени на радијација во периодот од мај 2009 до јануари 2013 година, а во Јужна Кореја побегнаа пред последниот нуклеарен тест на Северна Кореја од 3 септември.