За време на преговорите со Сеул, официјален Пјонгјанг соопшти дека ќе испрати спортисти и делегација на високо ниво на зимската Олимпијада во Пјонгчанг, во Јужна Кореја следниот месец.
Северна Кореја во Пјонгчанг ќе испрати и танчари, музичари и демонстрациски тимови по теквондо.
На првите, по две години, директни преговори меѓу двете Кореи, кои се одржаа утрово на граничниот премин Панминџон во демилитаризираната зона, Сеул предложи преговори меѓу претставници на вооружените сили на двете земји заради намалување на тензиите, како и обединување на разделените семејства по повод лунарната Нова година, која ќе се прославува следниот месец.