Една Американка од Пенсилванија доживеала најголем шок кога на почетокот на месецот проверувајќи ја висината на сметката за струја, дознала дека нејзиниот долг изнесува неверојатни 284 милијарди долари.
58 годишната Мери Хоромански се запрашала дали можеби компанијата која ја снабдувала со енергија ги кренала цените, како и дали светлосните божиќни украси ја кренале потрошувачката.
-Ако не се лажам, тоа е повеќе од целокупниот национален долг, напиша таа во коментар на Фејсбук.
-Ако продадеме се што имаме за околу 100 години сигурно ќе исплатиме се што имаме, додала Мери, која за оваа астрономска сума на сметката за струја ги известила медиумите.
-Само што не ми испаднаа очите кога ја здогледав сметката за струја, изјавила вознемирената жена.
Од вкупно 284.460.000.000 долари, Мери за декември требала да плати „ситни“ 28.156 долари.
Нејзиниот син ја повикал компанијата „Пенелек“, која нивното домаќинство го снабдувало со струја и го пријавило случајот. Портпаролот на компанијата потоа соопштил дека веројатно децималите на фирмата биле поставени на погрешни места.
Не можам да се сетам дали Пенелек некогаш имал некоја сметка со износ од милијарда долари.
После направената грешка, пратена им е сметка со 284,46 долари. Сепак после оваа шокантна случка, Мери Хоромански од синот за Божиќ посакала мерач за притисок.