петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шведска предложи уште еден пакет помош за Украина во вредност од 287 милиони евра

Шведска предложи уште еден пакет помош за Украина во вредност од 287 милиони евра

Шведската Влада предложи уште еден пакет за поддршка на Украина во вредност од 3,4 милијарди шведски круни (287 милиони евра), истакна денеска на прес-конференција шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.

Пакетот за поддршка се состои од муниција и резервни делови за борбени возила, тенкови и артилериско орудие Арчер. Вклучени се и транспортни возила, како што се камиони и опрема за деминирање, пренесува шведскиот јавен сервис SVT.

Како што се наведува, тоа е 13-ти пакет шведска помош наменета за Украина.