Невреме проследено со силни врнежи предизвика поплави и свлечишта на југот од Јапонија во кои загинаа најмалку три лица. Властите наредија евакуација на речиси 850.000 луѓе.
Маж загина откако надојдена вода му го однела автомобилот. Друг починал кога бил однесен од вода откако излегол од својот автомобил, јавуваат медиумите.
Жена била пронајдена без знаци на живот во својот автомобил кој паднал во река.
Владиниот портпарол на прес-конференција побарал од населението да превземе мерки за рана евакуација за да ги заштитат своите живот.