Слаб земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, денеска е регистриран на околу 80 километри од полскиот град Вроцлав.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, а траел околу пет секунди.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.