Најмалку 48 луѓе загинале во Перу, каде автобус падна во провалија на една карпеста плажа, откако се судрил со камион, соопштија од полицијата.
-Во падот на автобусот загинаа 48 лица, наведе полицијата на својот сајт откако Министерството за внатрешни работи соопшти дека ја прекинува операцијата поради мракот и големите брановите предизвикани од плимата.
Автобусот со 57 патници кон Лима, се превртел на 70 километри од главниот град на Перу откако во него удрил камион.
Несреќата се случила на дел од автопат кој често е покриен со магла и озлогласен по бројни несреќи.
Снимката од местото на несреќата е страшна, снимена со расфрлани тела на патници и делови од телата, не се препорачува да ја гледа секој.
Accidente en #Pasamayo por lo visto hay varios muertos y heridos, hasta ahora lo único que se ha visto en medios es escuchar a los sobones del @Minsa_Peru decir que el ministro esto, lo otro y que el ministro no se cuanto y bla bla bla… payasos sobones.@canalN_ @malditaternura pic.twitter.com/sm5zfT7cz1
— Vitoto Ⓜ (@Victor_Cueva) January 2, 2018