Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај случај на исклучително смртоносниот вирус Марбург, сличен на ебола.
Како што е наведено од СЗО, станува збор за прв случај на марбуршка вирусна хеморагиска треска во западна Африка, а пациентот е лекуван во локална болница каде состојбата му се влошила по што починал.
Во моментов се рабопти на пронаоѓање на неговите конаткти во делот од државата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска за да се запре ширењето на вирусот, пренесува Гардијан.
-Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мораме да го запреме што поскоро, соопшти регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети.
Првиот случај во Гвинеја е потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата од ебола, која оваа година усмрти 12 лица.
Ова е прва пат смртносна болест да е идентификувана во западна Африка, а од 1967 година имало 12 големи епидемии на овој вирус, најголем дел во јужна и источна Африка.
Стапката на смртност од Марбург вирусот варирале од 24 до 88 проценти во минататите епидемии, во зависност од соевите на вирусот и управувањето со кризата, наведува СЗО.
Вирусот се пренесува преку крв и секрет. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста почнува со висока температуриа, болки во мускулите, општа малаксаност и доведува до големо оштетување на органите па смртниот исход е чест кај пациентите.