Несреќата се случила во местото Скворцовка во областа Курманаевск. Полицијата пронашла седум тела , меѓу кои и на три деца на возраст од пет , шест и 16 години .
Се претпоставува дека ќерката со сопругот и трите ќерки , заедно со нејзиниот брат дошле на вечера кај нивниот татко . Куќата се загревала со печка на гас , за која било утврдено дека е неисправна .
Истражните органи сметаат дека просторијата се преполнила со јаглероден моноксид од лошо затворената печка , што било причина целото семејство да почине.
Телата на седуммината се предадени на обдукција . Телата биле пронајдени дури вчера вечер , откако девојката на 25 годишниот син не можела да ги добие на телефон .