Најмалку пет лица загинаа, а седум се водат како исчезнати откако денеска се преврте брод со мигранти кај брегот на Тунис, изјави портпаролот на судот Фаузи Масмуди.
Тој за Ројтерс изјави дека во чамецот имало 35 лица, главно Тунижани, од кои 23 лица биле спасени.
Масмуди изјави дека чамецот се превртел помалку од еден час по тргнувањето.