Полициски инспектори од Њујорк веруваат дека пожарот што изби во една зграда во градот, а во кој загинаа 12 лица, го предизвикала детска игра со шпорет.
-Според истрагата, тригодишно дете, кое не било под родителски надзор, го запалило пожарот на првиот кат од зградата, кој потоа бргу се проширил и на горните катови, изјавил портпаролот на градската противпожарна бригада, Даниел Нигро.
Дванаесет лица загинаа, вклучително и четири деца, а четворица беа тешко повредени во пожарото што зафати неколку ката од станбена зграда во населбата Бронкс.
Градоначалникот Бил де Бласио изјави дека тоа е најтрагичниот пожар во Њујорк во последните 25 години.
Властите велат дека пожарникарите спасиле дванаесет луѓе од зградата, а четворица завршиле во болница во критична состојба.
Повеќе од 160 пожарникари учествувале во справувањето со пламените јазици што ја зафатиле зградата.