Виктор Лишавски е обвинет за серија силувања, сексуални злоставувања, претепувања и сексуален однос со беспомошни жртви помлади од 13 години.
Виктор Лишавски е обвинет за 900 случаи на силување и сексуално злоставување над девојчиња помлади од 13 години. 37 годишниот Лишавски монструозните злосторства ги извел во период од 5 години и доколку обвиненијата против него се докажат, тој ќе биде најлошиот педофил во историјата на Русија.
Монструмот е уапсен во јуни минатата година, но надлежните тек сега го објавија неговиот идентитет.
Бил повлечен човек
Тој преку ден бил повлечен чевлар, а во текот на ноќите се претворал во ѕвер кој ги силувал децата, меѓу кои и пет девојчиња на кои им бил законски старател.
Виктор Лишавски, кој имал предни златни заби, е откриен откако едно од девојчињата чиј старател бил се пожалила кај професорот на училиште. Професорот ја алармирал полицијата и монструмот бил приведен во градот Комсомолск на Амур. Лишавски пред тоа бил на чело на една евангелистичка црква на Далечниот исток.
Полицијата го уапсила, а останатите четири девојчиња потврдиле дека Виктор ги злоставувал. Руските медиуми пренесоа и делови од обвинението во кое се наведува дека Виктор Лишавски е обвинет за 248 силувања, 358 случаи на сексуално злоставување со употреба на насилство, 150 случаи на секс со беспомошна жртва, како и 33 брутални силувања.
Виктор со сопругата Олга има три деца и тие се водат како старатели на уште 9 девојчиња. Против неговата сопруга не е поднесена пријава.
Изнајмувал стан
-Тој тие девојчиња ги држел како сопствен харем. Со парите кои ги добивал од државата како старател изнајмувал стан во кој ги силувал, наведува извор близок до истрагата.
Монструмот од државата месечно добивал 20.000 рубљи (околу 300 евра) за издржување на секое девојче.