Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на Твитер напиша дека Украина нема намера да користи американско оружје за напад на руска територија и додаде дека Русија по тоа прашање изнесува лажни обвинувања.
– Денес задача број еден на Русија е да ја поткопа довербата меѓу Украина и САД. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје, напиша Подољак на Твитер, пренесува Гардијан.
Украина води одбранбена војна и не планира да користи системи за лансирање ракети.