понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украински пратеник: Мариупол ќе остане без храна за три до пет дена

Украински пратеник: Мариупол ќе остане без храна за три до пет дена

Дмитриј Гурин, пратеник во украинскиот Парламент, за Скај Њуз изјави дека Русија бомбардира цивилна инфраструктура во пристанишен град на Црното Море.

Тој додаде дека се блокирани снабдувањето со храна и вода, додека зелените коридори се опколени од руските сили.

-Мариупол е без греење, гас, струја и вода. Луѓето собираат снег за да имаат вода, а за три до пет дена нема да има повеќе храна и повторно ќе има глад. Глад во срцето на Европа, рече тој.

Детската болница и породилиштето денеска беа погодени од неколку проектили, а се претпоставува дека под урнатините има луѓе.

Гурин рече дека според досегашните информации повредени се седумнаесет жени, вработени во болницата.