Унгарската полиција уапси 39-годишен Србин со наркотици вредна 1,2 милиони евра.
Унгарската погранична полиција на граничниот премин Реске извршила темелна проверка на „Фиат“ со српски регистарски таблички и пронашла 112 килограми хашиш и 9,3 килограми марихуана во автомобилот.
Според унгарската полиција, вредноста на дрогата на црниот пазар вреди 1,2 милиони евра.
Српскиот државјанин е испрашуван и уапсен, а против него ќе биде покрената кривична постапка за шверц со дрога.