понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уште една видео порака од Зеленски: Руските сили без прекин ги гранатираат украинските градови

Уште една видео порака од Зеленски: Руските сили без прекин ги гранатираат украинските градови

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави нова видео-порака на Фејсбук во која вели дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но и дека од ноќеска на полноќ без прекин руските сили ги гранатираат украинските градови.

-Немаме што да загубиме освен сопствената слобода, вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници.

Зеленски им вети на Украинците дека ќе се плати штетата врз инфраструктурата во неговата земја предизвикана од инвазијата на руските сили и дека цената за тоа ќе ја плати Москва.

-Ќе ја вратиме старата состојба на секоја куќа, секоја улица, секој град и на Русија и кажуваме: Научете го зборот репарации и отштета. Ќе ни вратите во целост се што направивте против нашата земја, против секој Украинец, рече Зеленски во видео порака.