недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уште пет нови случаи на заразени со коронавирусот во Белгија

Уште пет нови случаи на заразени со коронавирусот во Белгија

Белгиската влада соопшти утрово дека се детектирани уште пет нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, вкупниот број на потврдени случаи помина од осум на тринаесет за 24 часа.

До понеделникот Белгија имаше само два регистрирани случаи на инфицирани со ковид-19, но со враќањата од одмори по една недела распуст за училиштата, бројката брзо расте, како што очекуваа властите.

Референтната лабораторија во текот на изминатата ноќ извршила 243 тестирања, од кои пет се позитивни на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Сите случаи се лица кои се вратени од северна Италија, имаат умерени симптоми – температура, настинка и кашлица.

Еден од пациентите е од Брисел, останатите се од другите региони во земјата.

-Сите пациенти од блиску се следат од страна на лекари – хигиенски инспектори од нивниот регион, тие ги следат и лицата кои биле во контакт со пациентите откако се вратени, информира министерството.

Вчера Белгија премина во втора фаза на ризик, но сѐ уште не се откажуваат големи јавни собири.