четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Венецуелската Влада ослободи 80 антивладини активисти

Венецуелската Влада ослободи 80 антивладини активисти

Владата на Венецуела соопшти дека ослободила 80 луѓе кои се уапсени за време на автивладини улични протести и потегот го образложи како гест на добра волја по повод католичкиот Божиќ.

Тринаесет ослободени затвореници се појавија на државната телевизија, а високата претставничка Делси Родригез им посака среќен Божиќ, јави Би-Би-Си.

Меѓу првите кои се ослободени се Алфредо Рамос, поранешен градоначалник на Ирибарена, и професорот Карлос Перез кои во затвор поминаа повеќе од три години. Лидерот на опозицијата Леополд Лопез остана во домашен притвор во Каракас. Опозициските лидери го обвинуваат претседателот Николас Мадуро дека користи сурова тактика за да контролира опозициски лица и се залагаат затворениците да бидат пуштени во преговорите со владејачката Социјалитичка партија.