четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Верници слават денеска Божик по Грегоријанскиот календар

Верници слават денеска Божик по Грегоријанскиот календар

Римокатоличката црква, протестантските и англикански цркви, како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Божик.

Папата Франциско синоќа, на Бадник,  го спореди патувањето на Марија и Јосиф во Витлеем со денешните миграции на милиони луѓе кои се принудени да ги напуштат своите родни држави заради подобар живот или само за да преживеат и изрази надеж дека никој нема да се чувствува „како за него да нема место на овој свет“.

– Верата бара странците да бидат добредојдени, нагласи папата, служејќи петта миса на Бадник како врховен поглавар на 1,2 милијарди католици и обраќајќи се пред околу 10.000 луѓе од Базиликата Свети Петар, додека многу верници ја следеа мисата од плоштадот пред црквата.

Тој рече дека „едноставната приказна“ за раѓањето на Исус ја „променила нашата историја за навек и се таа ноќ станало извор на надеж“. Истакнувајќи дека Марија и Јосиф стигнале „каде за нив немало место“ папата направи споредба со денешницата.

– Толку други чекори се кријат во чекорите на Јосиф и Марија. Гледам траги на цели семејства кои се присилени да тргнат и сами од своиште огништа. Гледаме траги на милиони луѓе кои не избрале да појдат на пат, но истерани од своите држави, ги оставаат своите најмили, рече тој.

Папата додаде дека Бог е присутен во „недобродојдениот посетител често непрепознатлив, одејќи по наши градови и преградија патувајќи со наши автобуси и чукајќи на нашите порти“.

– Божик е време кога моќта на стравот треба да се претвори во моќ на милосрдие, нагласи папата Франциско. Тој денеска на католички Божик, од Базиликата на Плоштадот свети Петар напладне ќе испрати традиционална божикна порака „до градот и светот“ (Urbi et Orbi).