Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко објави видео снимено од автомобил со кој минува низ градот и прикажува целосно разрушени куќи и на некои места густ чад.
Во видеото тој вели дека градските гробишта се полни и повеќе немаат каде да ги погребуваат починатите.
„Мртвите ги чуваме во мртовечница подолго од што е потребно“
-Градските гробишта повеќе немаат место, па починатите ги чуваме во мртовечница и фрижидери подолго од вообичаеното. Погребуваме луѓе на старите гробишта кои веќе некое време не се користат, истакнува Атрошенко во видеото.
На прашањето колку луѓе досега се починати, градоначалникот истакнал дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава Обвинителството.
-Овде имаше директен удар. Таму гори трактор. Во моментов се наоѓаме во воена зона. Многу е опасно да се биде тука, истакнува Атрошенко.
Vladyslav Atroshenko, the mayor of Chernihiv, Northern Ukraine, drives through a suburb, showing the devastation after Russian shelling. He says that the Russian military is 200 to 300 metres ahead, and drives back.
Source: Telegram NEXTA Live.
1/2 pic.twitter.com/YJdoBn6Gy2
— Kyrylo Loukerenko (@K_Loukerenko) March 23, 2022