среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Предупредувањето за цунами се уште на сила, граѓаните да не се приближуваат до плажите

ВИДЕО: Предупредувањето за цунами се уште на сила, граѓаните да не се приближуваат до плажите

Властите во Нов Зеланд го намалија степенот на предупредување за цунами кое беше издадено по третиот силен земјотрес со епицентар недалеку од Кермадек.

Во некои градови завладеа паника додека стотина луѓе се обидувале да дојдат до повисоки  места поради предупредувањето за цунами, но вчера попладне властите соопштиле дека највисоките бранови поминале.

На жителите им било соопштено дека може да се вратат во домовите, со предупредување да стојат подалеку од плажите.

Владината агенција за Геолошки истражување на Јужна Австралија соопшти дека околу 25 земјотреси со јачина од 5 степени се регистирани по силниот земјотрес во близина на брегот на островот Кермадек.

Претходно новозеландската Национална агенција за управување со вонредни ситуации сооопшти дека третиот земјотрес бил со јачина од 8,1 степен, а жителуте од некои подрачја добиле итна порака на своите мобилни телефони веднаш да ги напуштат домовите додека се слушале сирените кои предупредуваат за опасност од цунами.