Татко на осум деца го изгубил животот, откако паднал во провалија додека сакал да направи роденденска фотографија.
Тој се качил на една висока карпа од околу метар и половина, ги раширил рацете и скокнал за да направи добра фотографија за роденденот. Меѓутоа, крајот бил погубен за него.
Изгубил рамнотежа и паднал во провалијата длабока околу 50 метри. Неговите пријатели кои го снимале и фотографирале веднаш притрчале да му помогнат, но безуспешно. Човекот кој имал 38 години починал во болница и покрај напорите на докторите да му го спасат животот.
Инцидентот се случил на бедемите на една тврдина во градот Урфа кој се наоѓа во јужна Турција. Тој паднал покрај еден курдски ресторан, а лекарите го префрлиле во болница каде и починал.