Пожарникарната служба во Њујорк соопшти дека денеска 6 лица, вклучувајќи 4 деца, настрадале во пожар во станбена зграда во Харлем.
Пожарникарниот комесар Даниел Нигро изјавил дека пожарникарната служба примила повик во 01:40 часот по локално време од лице кое било во спротива од зградата, пренесува АП.
Според неговите зборови, пожарникарите одговориле во рок од 3 минути на пожарот кој го зафатил петтиот спрат.
Тој рекол дека пожарникарите тргнале да гоизгаснат пожарот, а кога стигнале до двете задни спални соби пронашле тела од две возрасни лица и 4 деца, на возраст од 3 до 11 години. Се ерува дека сите се членови на едно семејство.
Нигор навела дека во гаснењето на пожарот учествувале скоро 100 пожарникари и дека им било потребно повеќе од еден час оганот да го стават под контрола.