Најмалку тројца луѓе се повредени и пренесени во болница, откако маж ги избоде на сред улица во Манчестер, пренесуваат британските медиуми.
Како што изјавиле очевидци, луѓе бегале и вриштеле додека напаѓачот ги бодел со нож.
Повредените се маж и жена на околу 50 годишна возраст и еден полицаец. Нивните повреди се опишани како сериозни, но не опасни по живот.
Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека полицијата го приведувала. Нападот се случил на станицата Викторија во Манчестер.