Австралиската полиција заплени 1,2 тони метамфетамин, чија вредност на нарко пазарот се проценува на 802 милиони долари.
Дрогата е запленета во западниот дел на Австралија, по петмесечна комплексна истрага со која е разбиена мрежа за криумчарење на дрога.
Австралиската полиција посочи дека метамфетаминот бил пренесен до Австралија со чамец, а потоа префрлен во комбе.
Покренати се обвиненија против осуммина Австралијанци. Тројца од нив се упасени во комбето, каде е пронајдена дрогата, тројца во чамецот со кој е пренесувана и двајца во хотел во Перт.