сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Белгија минува врвот на есенскиот бран на корона

Во Белгија минува врвот на есенскиот бран на корона

Белгија го помина врвот на есенскиот бран на корона пандемијата и се симна од првото место на списокот на земјите од ЕУ со најлоша епидемиолошка состојба, односно најголем број на заболени лица по глава на жител.

Белгија со 1.333 заразени на 100.000 жители, сега е зад Чешката Република (1.551) и Луксембург (1.459).

Пред Белгија се и Словенија и Лихтенштајн со над 1.000 заразени на 100.000 жители, додека пак на последното место во ЕУ според бројот на заразени од Ковид-19 според глава на жител е Финска со само 53 заразени лица на 100.000 жители.

Белгиските здравствени власти велат дека по воведувањето мерки за итно затворање, бројот на новозаболени и хоспитализирани во Белгија полека почна да се намалува, но дека притисокот врз единиците за интензивна нега продолжува и бројот на смртни случаи „значително се зголемува“.

Белгија бележеше просечно по 10.500 нови инфекции секој ден во неделата, што е за 35% помалку од претходната недела. Од 29 октомври до 4 ноември, во просек се случуваат 165,3 смртни случаи дневно, што е раст од 66,4 проценти во споредба со неделата, 22-28 октомври.