Вкупно седум цивили се убиени во експлозија на бомба поставена покрај пат во јужната авганистанска покраина Хелманд.
Авганистански официјални претставници соопштија дека во експлозијата се повредени три лица и оти се уште никој нема преземено одговорност за нападот.
Светските медиуми потсетуваат дека талибанците се многу силни во тоа подрачје и оти нивните сили во Хелманд се се побројни.