среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Индија 2.600 заразени со коронавирус за 24 часа

Во Индија 2.600 заразени со коронавирус за 24 часа

Индија денеска регистрира најголем дневен пораст на заразени случаи со коронавирус, влегувајќи во 40-от ден од блокадата на земјата.

Нови случаи во последните 24 часа се 2.600, а вкупниот број во земјата изнесува околу 40.000. Бројот на починати достигна 1.301, вклучувајќи ги и 83 смртни случаи во последното деноноќие, соопштија локалните здравствени власти.

Шестнеделното затворање на државата, кое требаше да заврши минатиот понеделник, е продолжено за уште две седмици, со неколку ублажувања на рестриктивните мерки.

Карантинот го забави ширењето на вирусот, но забележани се огромни економски трошоци. (МИА)