среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Индија најмногу новозаразени за еден ден од почетокот на епидемијата

Во Индија најмногу новозаразени за еден ден од почетокот на епидемијата

Во Индија во последните пет часа се регистрирани повеќе од 100.000 нови случаи на коронавирус, а Министерството за здравство денеска пријави 24.879 новозаразени, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 767.296 случаи на коронавирус, и Индија е трета во светот по бројот на заразени лица.

Во последната недела, дневниот број на новозаразени лица во Индија не се спушти под 20.000, јави Си-Ен-Ен.

Од почетокот на епидемијата во земјата починале вкупно 21.129 луѓе. (МИА)