петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во притвор во Индија татко и син претепани до смрт, уапсени петмина полицајци

Индија уапси петмина полицајци обвинети за смртта на татко и син во полициски притвор, изјави денеска висок истражен службеник, откако јавноста изрази гнев за случајот, споредувајќи го со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Минатата недела, Џ. Џајараџ (59) и Беникс Имануел (31) биле брутално претепани, што предизвикало ректално крварење, по што починале, се наведува во писмото до владини службеници испратено од сопругата на Џајараџ, Селварани.

Би-Би-Си наведува дека уапсените полицајци се обвинети за убиство поради смртта на таткото и синот во индиската држава Тамил Наду.

Двајцата починале на 22 јуни, два дена откако беа ослободени од полицискиот притвор.

Тие беа уапсени за наводно држење отворена продавница, по истекувањето на времето кога на продавниците им беше дозволено да се отворат за време на пандемијата на коронавирусот.

Инцидентот предизвика протести, поради што локалниот суд започна истрага.

Судот во вторникот соопшти дека има основа да поднесе обвинение за убиство против полицајците. (МИА)