петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Втор ден рекорден број новозаболени во Индија, дел од болниците без кислород

Втор ден рекорден број новозаболени во Индија, дел од болниците без кислород

Во претходните 24 часа Индија регистрираше нови 332.730 случаи на коронавирус, што е рекорден број во светот, втор ден по ред.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие бројот на починати е 2.263 што исто така е највисок до еден ден. Вкупниот број на починати лица изнесува 186.920.

Во Индија регистирани се над 16 милиони случаи на Ковид-19 од почеток на пандемијата.

Најмалку две болници во Њу Делхи комплетно останале без медицински кислород во време на големата здравствена криза.

Би-Би-Си пренесува дека многу луѓе починале чекајќи кислород, а речиси целосно се исполнетите капацитети на интензивните неги во болниците во Њу Делхи.