петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Четири згради во Киев во раните утрински часови беа бомбардирани, десетици мртви

Зеленски: Четири згради во Киев во раните утрински часови беа бомбардирани, десетици мртви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со европските лидери во Лондон и ја изрази својата фрустрација од НАТО поради нивното одбивање да воведат зона на забранети летови, јавува Би-Би-Си.

Во видео-повикот до премиерот на ОК Борис Џонсон и другите земји во Здружените експедициски сили, Зеленски рече дека НАТО е „најсилниот сојуз во светот“ – но „некои од членовите на оваа алијанса се хипнотизирани од руската агресија“.

„Слушаме многу разговори за Третата светска војна, дека наводно може да започне ако НАТО го затвори украинското небо за руските ракети и авиони и затоа сè уште не е воспоставена хуманитарна зона на забранети летови“, рече тој.

Тој додава дека тоа и овозможува на руската армија да бомбардира мирни градови и да разнесе станбени блокови, болници и училишта.

„Четири катни згради во Киев во раните утрински часови беа бомбардирани, десетици мртви“, додава Зеленски.