понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски емотивен пред пратениците во американскиот конгрес: Не ја гледам смислата на животот ако не можам да спречам смрт на украински деца

Зеленски емотивен пред пратениците во американскиот конгрес: Не ја гледам смислата на животот ако не можам да спречам смрт на украински деца

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска им се обрати на пратениците во американскиот Конгрес, а покрај аплаузот што го доби на почетокот и на крајот на говорот, Зеленски упати и директна порака до претседателот на САД.

Зеленски рече дека Украина е благодарна, но дека и треба повеќе и уште еднаш повика на воведување зона на забранети летови над неговата земја.

Своето обраќање го заврши со барање до претседателот Бајден.

– Мирот во вашата земја повеќе не зависи само од вас и од вашиот народ. Зависи од оние до вас, од оние кои се силни. Силен не значи голем. Тој е многу храбар и подготвен да се бори за животите на своите граѓани и граѓаните на светот – рече Зеленски.

Тој рече дека неговиот народ „се бори за вредностите на Европа и светот“, како и за своите.

Зеленски потоа стана емотивен и рече дека не гледа „смисла во животот“ ако не може да спречи смрт на украински деца и дека тоа е негова најголема грижа како лидер на земјата.

За време на својот говор тој директно му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден.

– Вие сте лидер на вашата нација. Сакам да бидете и лидер на светот. Да се ​​биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот – му порача Зеленски на Бајден.

Потоа Зеленски се заблагодари и своето обраќање го заврши со зборовите „Слава на Украина“.