четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Иднината на европската безбедност се одлучува сега во Украина

Зеленски: Иднината на европската безбедност се одлучува сега во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на прес-конференција во Киев изјави дека „иднината на европската безбедност се решава сега, во Украина“, пренесоа француските медиуми.

Зборувајќи пред лидерите на Полска и Литванија, Зеленски кажа дека „ние сме едногласни во нашата проценка за злосторствата на Руската Федерација.

Ова е уште еден чин на агресија против Украина, нејзиниот суверенитет, нашиот територијален интегритет“. Зеленски притоа побара построг режим на санкции против Русија.