Утрово обраќајќи им се на западните лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија би можела да ги таргетира другите делови на Европа и повика на уште поголема поддршка за Украина.
– Сè уште можеме да ја запреме руската воена машина, сè уште можеме да престанеме да убиваме луѓе – рече тој, тврдејќи дека би било „полесно да го направиме тоа заедно“.
– Затоа што во спротивно ќе дојдат кај вас, рече Зеленски.
Претседателот на Украина рече дека доколку Европа сега не заземе став, Русија ќе ги таргетира другите европски земји.
– Сите ние сме мета на Русија…помогнете си со тоа што ќе ни помагате, рече тој.