петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Не прифаќаме да разговараме со Русите во Белорусија

Зеленски: Не прифаќаме да разговараме со Русите во Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.

Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации.

– Доколку немаше агресивни дејствија од вашата територија, би можеле да разговараме во Минск… Секако дека сакаме мир, сакаме да се сретнеме, сакаме војната да заврши. Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку, им ги понудивме на Русите. Би ни одговарал и кој било друг град, во земја од чија територија не се гаѓаат проектили кон нас. Само на тој начин преговорите можат да бидат фер и навистина да се стави крај на војната – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.