понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Означен сум како цел број 1, а моето семејство како цел два

Зеленски: Означен сум како цел број 1, а моето семејство како цел два

Во Киев влегоа две диверзантски групи. Според нашите информации, непријателот ме означил како цел број 1, а моето семејство како цел број 2. Сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинците тврдат дека над градот срушиле руски авион кој потоа паднал врз зграда.

Зеленски потпиша документ со кој нареди мобилизација на сите воени капацитети. Во телевизиско обраќање посочи дека е разочаран од односот на западните челници.

-Не гледам никој да се бори со нас, истакна и додаде дека во руската инвазија загинале 137 украински војници, додека 316 се ранети.

Како што објави украинското министерство, проценката е дека досега се уништени над 30 руски тенкови, над 100 оклопни возила, шест авиони и шест хеликоптери.