понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски побара помош од светските сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Зеленски побара помош од светските сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.

Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.

„Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот“, рече главниот командант.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пак, изјави дека секој што е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи во редовите на Територијалните одбранбени сили.