четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Русите не можат да не’ освојат, применуваат терор

Зеленски: Русите не можат да не’ освојат, применуваат терор

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во обраќањето до јавноста им порача на граѓаните дека окупираниот Херсон нема да ја доживее судбината на Доњецк и Луганск.

-Окупаторите на територија на Херонската област се обидуваат да го повторат тажното искуство со формирање на парарепублика. Ги уценуваат локалните лидери, вршат притисок и поткуп, истакна Зеленски.

Нагласува дека Русите не можат да го освојат.

-Тие немаат сила, немаат ни дух. Само за насилство знаат, применуваат терор. Се потпираат на оружјето кое го имаат многу. По природа не сакаат да се вратат во нормален живот бидејќи не се способни така да живеат, вели Зеленски.

Украинскиот претседат повторно го повика Западот да направи повеќе за Украина и Украинците.