понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зелински со ЖЕСТОК говор му се обрати на светот: НАТО мора да ни помогне

Зелински со ЖЕСТОК говор му се обрати на светот: НАТО мора да ни помогне

Украинскиот претседател ги нападна лидерите на НАТО поради нивното одбивање да воведат зона на забранети летови над Украина.

Во жесток говор, Володимир Зеленски рече дека неподготвеноста на Западот да интервенира и дала на Русија „зелено светло“ да продолжи да бомбардира градови и села.

НАТО тврди дека зоната на забранети летови ќе резултира со конфронтација со Москва.

И рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека секој таков потег ќе се смета „како учество во вооружен конфликт на таа земја“.

Осврнувајќи се на санкциите наметнати на Русија од страна на Западот, рускиот лидер рече дека тие се „слични на објава на војна, но фала богу не дојде до тоа“.

Во својот говор од Киев, Зеленски рече дека не се согласува дека директната акција може да „провоцира директна агресија на Русија против НАТО“.

Во лутиот коментар, тој рече дека аргументот ја одразува „само-хипнозата на оние кои се слаби, недоволно самоуверени внатре“ и дека западните резерви укажуваат дека „не сите ја сметаат борбата за слобода за цел број еден на Европа“.

„Сите луѓе кои ќе умрат почнувајќи од овој ден ќе умрат и поради вас. Поради вашата слабост, поради вашата неединство“, додаде лутиот Зеленски.

Вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека воведувањето зона на забранети летови може да доведе до „целосна војна во Европа во која ќе бидат вклучени многу повеќе земји и ќе предизвика многу повеќе човечки страдања“.

Единствениот начин да се воведе зона на забранети летови би бил „со соборување руски авиони“, рече Столтенберг.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така, ја отфрли можноста за воведување зона на забранети летови, но за Би-Би-Си изјави дека е убеден дека Украина може да ја добие војната со Русија.

„Не можам да ви кажам колку долго ќе трае ова“, рече американскиот врвен дипломат. „Не можам да ви кажам колку долго ќе потрае. Но, идејата дека Русија може да ги потчини на својата волја 45 милиони луѓе кои жестоко се борат за својата иднина и својата слобода, тоа кажува многу“, објави Би-Би-Си..