Спасувачките екипи од под рушевините во Хатај спасиле жена во деветиот месец од бременоста по 40 часа од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
Нехир Илкова останала заробена под урнатините на зградата која се срушила, а таа била спасена од спасувачите кои ги испратила инстанбулската општина Умраније.
Во земјотресот, според последните информации, животот го загубија најмалку 7.200 лица.